Кривична пријава за Битолчанец кој препродавал дрога

СВР-Битола поднесе кривична пријава против Е.Б.(50) од Битола, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“.

Пријавениот откако набавил наркотична дрога хероин истата ја препродавал на лица нарко зависници од Битола за паричен надомест од 300 до 500 денари од паковка. На 08.09.2014 година од страна на полициски службеници забележано е малолетно лице кое остварило контакт со пријавениот, од страна на полициските службеници истата била пресретната и кај неа била пронајдена една кутија од цигари, во чија внатрешноста имало шест најлонски паковки со прашкаста материја.

По извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 2,15 грама кој истата го набавила за паричен надомест од 3.000 ден. Во домот на пријавениот како и сеопфатна и поширока контрола на местата каде пријавениот се движел било пронајдено најлонско пакување со наркотична дрога хероин која според првичната анализа е со нето тежина од околу 285 гр.

По расчистување и документирање на настанот, пријавениот е предаден на Судија за претходна постапка од Основен суд Битола, кој му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.