Кривична пријава за Борис Тадиќ, со закани и уцени сакал да го превземе „Курир“

Сопственикот на српскиот весник „Курир“ Радисав Родиќ соопшти денеска дека поднел кривична пријава против поранешниот претседател на Србија и на Демократската партија Борис Тадиќ и уште други 22 лица, бидејќи, како што тврди, сакале да му го одземат весникот со помош на „апсења и уцени“, пренесе МИА.

Родиќ соопшти дека кривичната пријава ја поднел до Обвинителството за организиран криминал и оти очекува дека надлежните брзо ќе реагираат, пренесува Танјуг.

Тој, нарекувајќи ги лицата против кои поднел пријава „организирана криминална група, злосторничко здружение, терористичка група…“ изјави дека и во изминатите три дена примил многу закани, но не сакал да се откаже.

Родиќ вели дека нему лично не му треба ништо, но дека „народот треба да знае каква власт имал“, а со цел сегашната и секоја идна власт да не биде таква.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.