Кривична пријава за четворица насилници од Скопје

СВР Скопје- Единица за насилен криминал  до Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против С.О.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „Насилство“ и против О.И.(25), Б.J. (22) и В.Ј.(21) сите од с. Глумово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „Насилство“и „Незаконито влијание врз сведоци“.

Имено на 31.03.2015  година околу 11:00 часот на ул. „Џон Кенеди“ на автобуска постојка, додека оштетениот кој е ученик во СГУС „Цветан Димов“  чекал автобус заедно со неговата девојка и уште двајца другари, во еден момент од спротивната страна на улицата застанало возило од кое  излегле пријавените, при што О.И. му се приближил и му рекол дека С.О. сакал да разговара со него. Откако се сретнал со првопријавениот кој бил заедно  со Б.Ј. и В.Ј. истиот физички го нападнал удирајќи го со тупаница во пределот на главата, а веднаш потоа и останатите пријавени почнале да го удираат со клоци и гумена палка  во пределот на главата и телото, по што го напуштиле местото на настанот, а оштетениот се здобил со телесни повреди.

На 16.04.2015  година пред СУГС „Цветан Димов“ дошле  второ , трето и четврто пријавениот и му се заканувале на оштетениот доколку не ја повлече дадената пријава против нив истите ќе нападнат врз неговиот живот, а истите закани подоцна ги упатиле и кон неговата мајка.

По настанот случајот повторно го пријавиле во полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.