Кривична пријава за едно лице поради производство и продажба на наркотични дроги

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.М.(47) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” за што од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одземена патната исправа и му е изречена мерка задолжително пријавување еднаш неделно во надлежен Суд.

По добиеното сознание дека пријавениот, од засега непознато лице, набавил поголема количина хероин, која ја препакувал за улична продажба, Единицата за недозволена трговија со дрога,  превзеде мерки и активности за обезбедување на материјални докази, при што е утврдено дека пријавениот, хероинот најчесто го продавал во непосредна близина на инернет кафе во скопски Чаир.

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, во непосредна близина на домот на пријавениот, легитимирале и извршиле личен преглед на две лица, при што кај истите се пронајдени и одземени четири полиетиленски паковки со хероин.

Исто така, со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници, извршен е претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени 15 полиетиленски паковки со наркотична дрога хероин (вкупно 2,729 грама) наменети за улична продажба, а Џ.М. е лишен од слобода. Инаку, пријавениот е регистриран како извршител на имотни деликти, за што е деветпати кривично пријавуван.