Кривична пријава за гостиварец кој крумчарел мигранти

Кривична пријава за „криумчарење мигранти“ и притвор од 30 денае му се изречени на Н.К. (38) од Гостивар кој минатата недела прифатил и превезувал лица со илегален влез и престој во Македонија, од клучката за село Марвинци на автопатот Гевгелија-Скопје до близина на Неготино со намера да ги однесе до Куманово.

Н.К. кој управувал товарно моторно возило „Мерцедес бенз“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.Р. од Скопје, кога бил запрен од полицијата на автопатот Гевгелија-Скопје кај клучката за Неготино. кај него се откриени 29 лица илегални мигранти, сите од Авганистан. По разговоро со нив е утврдено дека имаат остварено илегален влез во Република Македонија од Република Грција, на 15 септември годинава и дека имале намера да се упатат кон Србија, а од таму кон земјите од ЕУ.

Во втор одвоен случај, полицијата од Виница поднесе кривична пријава против М.М. (40) и Т.С. (37), двајцата од Струмица, за „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“. Пријавените за 2.550 евра го поттикнале и организирале патувањето на 11 државјани на Република Македонија од Виница и со две патнички возила „Волксваген Пасат“ управувани од второ пријавениот и засега непознато лице од Струмица, остварувајќи излез од Република Македонија, а потоа преку Република Грција, Бугарија, Србија и Унгарија го продолжиле патувањето до Германија каде македонските државјани побарале азил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.