Кривична пријава за киднаперите на Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Центар

Кривична пријава ќе биде поднесена против Д.Д.(34), В.С.(41) и А.К.(37) сите од поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “противправно лишување од слобода”. Исто така против трите лицата се поднесени и прекршочни пријави за физични напад од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир.

Како што соопштуваат од МВР  на 15-ти месецов околу 2 часот по полноќ на крстосница од ул. “Народен Фронт” и ул. “Франклин Рузвелт”  од страна на осомничените биле физички нападнати пет лица на возраст од 19 до 25 години при што истите се здобиле со повреди во пределот на главата и телото.

Откако четири од оштетените лица успеале да избегаат осомничените го фатиле оштетениот и го внеле во патничко моторно возило “Форд” со скопски регистарски ознаки каде истиот повторно бил малтретиран и возен определен период, за потоа осомничените да го остават на ул.”Елисије Поповски Марко”.

Настанот бил пријавен од страна на оштетениот настанот беше пријавен во ПС Центар.