Кривична пријава за крадец од Жубрино

Полицијата поднесе кривична пријава  Ш.Р. (29) од село Жубрино за кражба.

Во периодот од март до август минатата година, пријавениот со употреба на подесен предмет и кршење на бравите и катинарите, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти во селата Србица и Стрелци. Притоа тој противправно одзел еден агрегат за струја, повеќе моторни пили како и друг работен алат и прибор.

На идентичен начин,  Ш.Р. влегол во амбуланта во близина на РЕК „Осломеј“ и во една приватна здравствена установа од каде одзел сирупи и други медикаменти. На 17-ти овој месец, по наредба на судија во претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом при што пронајдени се дел од бесправно одземените предмети. По извршеното препознавање тие се предадени на оштетените сопственици на објектите.  На лицето му е одредена  мерка притвор во траење од осум дена.