Кривична пријава за напаѓачот кој со ножици им нанесе убодни рани на две лица

Кривична пријава за сторено дело „убиство во обид“ заработи 29 – годишниот Е.А. и за сторено дело „помагање“ 24 – годишниот Н.Ј. од Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, настанот се случил на 21 овој месец околу 02,40 часот пред ТЦ „Капитол Мол“ во населба Аеродром, каде по претходна тепачка помеѓу четири лица од Скопје, познати деликвенти, двајца од нив се прободени со ножици и се здобиле со телесни повреди.

На настанот му претходело меѓусебно нетрпение помеѓу Б.Ј.(40) и Е.А.(29), двајцата од Скопје. Бидејќи Е.А., покрај директните закани и навреди упатени кон Б.Ј., истото почнал јавно да го прави и на социјалната мрежа „facebook“, на 21.11. телефонски бил повикан од Б.Ј. да дојде пред ТЦ „Капитол Мол“, за да го расчистат  недоразбирањата. Пред трговскиот центар и двајцата дошле со по уште едно лице и веднаш меѓу истите започнала вербална расправија, која набргу прераснала во тепачка, во која Е.А. со ножици им нанел убодни рани на Б.Ј. и Д.А.(29), по што се дал во бегство, а Н.Ј.(24) кој заедно со него учествувал во тепачката и бил сведок на извршувањето на кривичното дело, случајот не го пријавил во полиција.  Кај двајцата повредени се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болница се пуштени на домашно лекување.