Кривична пријава за наркодилер од Охрид

Триесет и шестгодишниот Г.А. од Охрид доби кривична пријава поради сомнение дека неовластено произведувал и продавал наркотични средства.

Пријавениот, на повеќе наркозависници од Охрид им вршел продажба на хероин, но и посредувал во набавка на дрогата. На 27. овој месец, пријавениот од И.Д.(26) познат наркозависник од Охрид, примил 10.000 денари со цел да набави хероин за лична употреба, но и за натамошна продажба. Истиот ден полицијата пред неговата куќа ги затекнала И.Д. (26) заедно со Г.А. (36) и Д.Р. (27) наркозависник од Охрид.

Забележувајќи ги полицајците, пријавениот Г.А. од десниот џеб од јакната фрлил две најлонски кеси со кафеава прашкаста материја.

Истите се одземени и предадени на вештачење.