Кривична пријава за насилници од Струмица

Педесетгодишниот Ф.Р.доби кривична пријва бидејќи со нож му нанел исекотини во пределот на вратот на старец од Струга
Стружанец доби кривична за убиство во обид

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.З.(25), В.Ј.(34) и Г.Г.(33) сите од Струмица за сторени две кривични дела „насилство“.

На 30. ноември, околу полноќ, во Ново Село пред пицеријата Ана Марија, пријавените без повод и причина физички нападнале лице од истото село, во тој момент дошле уште две лица кои од страна на пријавените без повод и причина биле физички нападнати. Нападнатаите лица биле пренесени во Општа болница во Струмица каде им биле констатирани видливи повреди на телото, а едно од лицата бил задржан за понатамошно лекување.  Истата вечер околу 02.00 часот пријавените се упатиле кон бензинската пумпа во с.Колешино, каде без повод и причина физички нападнале уште едно лице,  нанесувајќи му видливи повреди на лицето и телото.