Македонија,Крими хроника

Кривична пријава за охриѓанец кој нападнал татко и син

Кривична пријава за охриѓанец кој нападнал татко и син

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против  И.Д.(38) од Охрид поради постоење основи на сомнение за помагање во извршувње кривично дело.

Имено А.Р. на 07.08.2014 година  со употреба на метална цевка ги нападнал Д.Т. (26) и неговиот татко М.Т.(55) нанесувајќи им телесни повреди и предизвикал оштетување на ПМВ „Дачија Логан“ со охридски регистарски ознаки  сопственост на Д.Т.

Пријавениот И.Д. откако го спречил А.Р. во натамошно продолжување на насилството, ја одзел и ја сокрил металната цевка.