Кривична пријава за разбојникот од бензинската станица во Козле

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.В.(43) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво во обид“.

Пријавениот на 28.08.2014 година, околу 04:45 часот на ул. „Козле“ во бензинска пумпа со сериозна закана дека ќе прави проблеми ако не му го дадат дневниот пазар се обидел да изврши разбојништво.

Во намерата да изврши кривично дело бил спречен од двајцата вработени во бензинската пумпа, кои го совладале и го предале на полициски службеници од ПСОН „Карпош“. Од страна на Судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, пријавениот е прекршочно пријавуван за нарушување на јавниот ред и мир, а во 2011 година му е поднесена кривична пријава за кривично дело „разбојништво“.