Македонија,Крими хроника

Кривична пријавата против Х.Т заради кражба и телесен напад

Кривична пријавата против Х.Т заради кражба и телесен напад

СВР-Скопје до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето  Х.Т. (20) од Скопје  поради основано сомнение дека извршил две кривични дела и тоа “тешка кражба на дрзок начин“ и “тешка телесна повреда“  за што  од страна на судија во претходна постапка  му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Кривичните дела пријавениот ги извршил во март годинава на улица „Васил Ѓоргов“ на подрачје на Центар, во вечерните  часови пришто додека оштетената се движела по улицата тој и пришол од напред и  со употреба на физичка сила ја турнал, и ја одзел чантата  при што таа паднала на асфалтот а пријавениот со трчање се одалечил во непознат правец.

Од падот оштетената  се здобила со тешки телесни повреди и истата е задржана за понатамошно лекување во Клинички Центар “Мајка Тереза“.