Кривична за албански државјанин кој ограби гостиварчанка

Албански државјанин заработи кривична пријава бидејќи ограби гостиварчанка пред болница.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи поднесена е кривична пријава против 23-годишниот А.Ј. од Албанија кој на четври овој месец ја ограби 55-годишната В.С.

Насилникот пред  влезот за дијализа во Медицински центар Гостивар насилно и ја одзел ташната на В.С. во која имало накит вреден 600.000 денари.

Полицијата утврдила дека А.Ј. незаконски престојувал во Гостивар.