Кривична за битолчанец кој си ја претворил куќата во коцкарница

Четириесетичетиригодишен битолчанец  во дел од неговата куќа ставил на располагање простории, кои биле специјално опремени за играње на комар.

СВР Битола соопшти дека пред точно еден месец, кога полицијата извршила претрес во домот на битолчанецот, пронашла и одзела 30 шпила карти за играње, три комплети жетони и куфер за жетони.

Битолчанецот доби кривична пријава за „комар“.