Кривична за дилер од Скопје

Триесет и тригодишниот Д.Ј. од Скопје доби кривична пријава поради сомнение дека неовластено проиведувал и продавал наркотици.

Пријавениот, како што соопшти МВР, на 26 февруари годинава бил во возило со уште две лица, кое од страна на единицата „Алфи“ било сопрено на улицата „11 Октомври“. При изршено легитимирање на лицата и преглед на возилото, кај пријавениот се пронајдени повеќе видови наркотици.

– Лицето е предадено во Единицата за недозволена трговија со дрога, а по извршеното вештачење на таблетите и прашкастата материја е утврдено дека станува збор за 40 таблети екстази, осум половинки од таблети екстази, два грама издробени таблети екстази и околу девет грама прашкаста материја амфетамин, за кои пријавениот не дал појаснување од каде и од кого ги набавил, информира МВР.

Судија на претходна постапка му одредила мерка притвор во траење од 30 денови.

Д.Ј. во период од 1998 до 2011 година петпати кривично пријавуван за извршени имотни деликти и деликти проследени со насилство.