Кривична за дилер од Струмица

Кривична за дилер од Струмица
Кривична за дилер од Струмица

Дваесет и петгодишниот Ј.С. од Струмица доби кривична пријава бидејќи „неовластено производувал и продавал наркотици.

На 25/26.04.2014 година на ул. “Крушевска Република” во Струмица полициски службеници извршиле преглед над патничко такси возило во кое се превезувале две лица при што на задното седиште пронајдена е 7,43 грама марихуана. По преземени мерки е утврдено дека марихуаната  ја набавиле од пријавениот со намера да ја уживаат, а при извршен претрес во домот на пријавениот пронајдени се уште 27 грама марихуана.