Кривична за дилери од Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Х.(25), И.А.(26) и А.Е.(26), сите од с. Чајле, гостиварско за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотици.

Во март годинава на автопатот Скопје-Тетово во близина на наплатна рампа Тетово од страна на полициски службеници е извршен преглед во ПМВ „Голф“ управувано од Џ.Х., а во кое се превезувале И.А. и А.Е. при што кај нив се пронајдени 5,69 грама наркотична дрога марихуана. Од извршениот разговор со пријавените е утврдено дека И.А. е подолг временски период нарко зависник, а дрогата ја набавил од непознато лице во Скопје за сума од 1.500 денари.