Кривична за директор на Државен инспекторат за земјоделство

Полициската станица од Гевгелија поднесе кривична пријава против Р.С. (49) од Скопје, директор на Државен инспекторат за земјоделство – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување спротивно на законските прописи изготвил два службени акти со кои го задолжил Министерството да склучи договори за закуп на земјоделско земјиште со правните лица ДПТУ „Ди Си Мила“ ДООЕЛ-Стар Дојран и ДЗППУ „Милена Пром 2000“ ДООЕЛ-Нов Дојран со што им се дадени на користење површини за период од 30 години на кои имало лозови насади, сопственост на правно лице кое било претходно закупец.

Покрај ова, овозможил од Министерството преку тужбено барање да бараат надомест на штета и загубена добивка поради невоведување во владение на предметните парцели и неспроведување на нивните бизнис планови.