Кривична за директорите на градските гробишта во Охрид

В.Д. Директорите на градските гробишта во Охрид, Д.П.(59) и К.П добија кривична пријава бидејќи до оштетиле Јавното претпријатие за повеќе од четири милиони денари.

Тие се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик, а потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието, но истите со задоцнување од една година постапиле по одлуката и вратиле фактура на друго претпријатие иако биле должни да ја исплатат.

Од страна на комисија е утврдено дека во претпријатието постоеле разлики во продажбата на гробни места, имало недостаток на градежни материјали и во материјалната евиденција влезот и излезот на материјали не се поклопувал. На овој начин пријавените го оштетиле ЈП Градски гробишта за износ од 4.376.102 денари.