Кривична за директорот на поштата во Битола

Секторот за внатрешни работи –Битола поднесе кривична пријава против Е.А (44) од Битола вработен како директор во Македонска Пошта Скопје-Подружница Битола, заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Пријавениот  на 8 февруари во својство на службено лице ја искористил својата положба и ги пречекорил границите на своите овластувања, при што со службеното патничко моторно возило без патен налог за службено патување во странство, заедно со  својата сопруга направил излез на граничниот премин Меџитлија и отпатувал за Грција .

Со самото дело пријавениот се стекнал со имотна корист од околу 6000 денари.