Македонија,Крими хроника

Кривична за двајца Албанци кои криумчареле миганти

Кривична за двајца Албанци кои криумчареле миганти

Кривична пријава е поднесена против Б.К. (25) од Поградец и Ч.Е. (29) од Либразд, Албанија за сторено кривично дело – “криумчарење на мигранти“, а против второпријавениот и за кривично дело – “давање поткуп“.

Од страна на судија за претходна постапка на пријавените лица им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено, завчера во 20,45 часот од страна на  полициски службеници кај наплатна рампа Градско, биле забележани две возила и тоа “Голф“ со  албански регистарски ознаки и “Ауди“ со грчки регистарски ознаки во кои се превезувале повеќе луѓе. Прв се движел голфот кој заминал во правец кон Скопје, а полициските службеници го следеле аудито се до Каласлари каде што го запреле и при контролата е утврдено дека истото е сопственост и управувано од лицето Ч.Е. а во возилото се откриени тројца илегални мигранти на возраст од 25 до 34 години  (двајца од Сирија и еден од Ирак).

При контролата возачот, односно пријавениот Ч.Е. во својот пасош ставил прво 100 за да го ослободат, а потоа и уште 100 кои ги понудил на полициските службеници коишто поткупот го одбиле (за што против Ч.Е. е поднесена и кривична пријава).

Во тој момент полициските службеници забележале дека “голфот“ со албански регистарски таблички излегува од бензинската пумпа кај Каласлари и се упатува во правец кон Скопје, па едниот полициски службеник со службеното возило се упатил по него при што дал знак да застане возилото, со вклучување на рото светло и звучна сирена, но “голфот“ не застанал. Во близина на клучката за Велес и Штип, од возилото се симнале патниците по што “голфот“ продолжил да се движи уште 50-100 метра по што било запрен од страна на полициските службеници.

При контролата е утврдено дека “Голфот“ бил сопственост и управуван од Б.К. а на задното седиште во возилото се пронајдени торбици од лицата кои се превезувале во истото, а подоцна покрај патот се пронајдени и лицата при што е утврдено дека се работи за четворица илегални мигранти од Сирија на возраст од 6 години, две лица на возраст од 27 години и едно 25 годишно лице.

Заради расветлување на целиот случај, сите горенаведени лица се приведени во ПС од ОН Велес при што дознато е дека првопријавениот ги прифатил илегални мигранти во близина на Гевгелија, а второпријавениот во близина на Демир Капија во правец кон Скопје.