Кривична за двајца браќа поради напад на полицајци

Двајца браќа од тетовското село Луковица, на возраст од 23 и 25 години добија кривични пријави, бидејќи физички нападнале полицајци.

Како што соопшти полицијата, на 28 февруари, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор бил приведен нивниот татко, и додека го внесувале во кругот на СВР Тетово, неговите синови физички ги нападнале полициските службеници, затоа што сакале насилно да влезат низ капијата.