Кривична за двајца директори на здравствени установи

Кривична пријава е поднесена против Ј.А.(44) од Кочани, директор на ПЗУ „АНА-МЕД“ Чешиново, општина Чешиново-Облешево и Е.У.(43) од Скопје, директор на ПЗУ „МЕДИКА“ Скопје поради постоење на основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од јануари 2013 до мај 2014 година првопријавената, како одговорно лице, директор со искористување на својата положба со намера ПЗУ „АНА-МЕД“ да се стекне со противправна имотна корист склучила Договор за деловно-техничка соработка со второпријавениот како одговорно лице, директор на ПЗУ „МЕДИКА“ Скопје, со кој отстапува деловен простор за вршење на здравствени прегледи на вработени, додека пак за наведените услуги второпријавениот е согласен да исплаќа на ПЗУ „АНА-МЕД“  износ од 405 денари за секој пациент над кој е извршен здравствен преглед, со што и овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 804.983 денари.