Кривична за двајца прилепчани кои одгледувале и продавале марихуана

СВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.Т.(23) и С.С. (46), двајцата од Прилеп бидејќи одгледувале и продавале наркотици.

Полицијата при претрес на А.Т. нашла 16 пакувања со 27,2 грама марихуана, а при претресот на две локации во кои живеел С.С. биле пронајдени 8,27 грама марихуана и 116, 42 грамa семки од растението Канабис.