Кривична за крадци кои оперирале низ Радовиш

Б.К. (28) и М.Г. (19) од Радовиш добија кривична пријава поради тешка кражба.

Тие извршиле тешки кражби во пет продавници, две земјоделски аптеки, две канцеларии и еден стан, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 737.380 денари, дел од кражбите за кои се пријавени се во обид.