Македонија,Крими хроника

Кривична за крадец кој оперирал низ Охрид

Кривична за крадец кој оперирал низ Охрид

СВР Охрид поднесе две кривични пријави против Б.И.(24), со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела “тешкa кражбa” и едно кривично дело “кражба”.

Пријавениот  кривичните дела ги извршил во првата половина на месец декември 2014 година на подрачјето на Охрид при што од повеќе станови и куќи одзел разновидни предмети, електронски апарати, парични средства како и разновиден златен накит и монети. Пријавениот златните предмети ги продавал во златари во Струга, а дел другите предмети во Скопје и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 70.000 денари.

Дел од одземените предмети се пронајдени при претрес во домот на пријавениот.