Кривична за крадец во Делогожда

Кривична пријава  е поднесена против 20-годишниот В.Ш. од струшкото село Делогожда поради основано сомнение дека извршил осум кривични дела кражби и тешки кражби. Пријавениот извршил две кражби и шест тешки кражби во Делогожда во периодот од мај до ноември годинава, пренесува МИА.

-Во куќите влегувал откако ќе ги забележел сопствениците како заминуваат на работа. Тој се качувал на терасите и насилно ги отворал балконските врати. Знаејќи дека во куќите нема никој или дека сопствениците се во странство, пријавениот ги оштетувал решетките од прозорците на приземјето, го кршел стаклото и влегувал. Ги пребарувал собите и одземал пари, златен накит како и други вредни предмети, вели Стефан  Димоски портпаролот на СВР Охрид.

Одземениот златен накит, В.Ш. го продавал во неколку златарници во Струга по што, парите ги трошел во казина и за свои лични потреби.

Од извршените кражби и тешки кражби, тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 500 илјади денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.