Кривична за крушевчанец кој ограбувал цркви

Педесетгодишниот Ф.Р.доби кривична пријва бидејќи со нож му нанел исекотини во пределот на вратот на старец од Струга
Стружанец доби кривична за убиство во обид

Кривична пријва е поднесена против дваесет и четиригодишниот Џ.А. од Прилеп, кој се сомничи за тешка кражба во црква во крушевско.

За него постои сомневање дека се обидел да изврши кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Свети Никола“ во с.Долно Дивјаци, општина Крушево, како и дека извршил „тешка кражба“ во црквата „Св.Димитрија“ во с.Горно Дивјаци. Имено, пријавениот, отишол во црквата “Св.Никола“ во с.Долно Дивјаци, крушевско и пров со погоден алат го скршил цилиндерот од бравата од металната врата од трпезаријата, која е поврзана со селската црква, а потоа зел еден копач од просторијата за алати до трпезаријата и со употреба на сила ја отворил дрвената влезна врата од црквата, извршил пребарување во олтарот и во внатрешноста од црквата, но најверојатно не одзел икони или други предмети од истата. Истиот ден, Џ.А во соседното село Горно Дивјаци, во црквата „Св.Димитрија“ извршил тешка кражба на начин што со употреба на погоден алат делувал на прозорецот од црквата, влегол во внатрешноста на објектот и одзел две стари дрвени икони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.