Македонија,Крими хроника

Кривична за кумановец кој криумчарел мигранти

Кривична за кумановец кој криумчарел мигранти

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(39) од Куманово, за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор.

На 28.02.2015 година, на граничната линија кон Србија во село Табановце од страна на полицијата пријавениот е затекнат со две семејства, кои требало илегално да ги пренесе преку државната граница од Македонија во Србија за одреден паричен надомест, со цел истите да заминат во Германија, каде веќе претходно биле одбиени за добивање азил. Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.