Кривична за кумановката која го уби своето новороденче

Дваесет и петгодишна кумановка ќе одговара за убиство на своето дете старо за 10 дена, информира денеска полицијата.

Министерството за внатрешни работи информира дека против Б.З. е поднесена кривична пријава поради сомневање дека ноќта меѓу 22 и 23 март годинава во нејзината куќа во селото Клечовце го убила новороденчето удирајќи го со тврд предмет во главата и задушувајќи го. Смртта на бебето потоа ја пријавила во полиција како природна.