Кривична за малолетници кои претепале старица во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против тројца 14-годишни малолетници поради сомнение дека сториле “разбојништво во обид“.

Тие на 16. овој месец околу 11:45 часот, во близина на м.в. „Црн Мост“ во Битола почнале да следат 70 годишна жена.

Кога стигнале на ул.Никола Ѓоргиевски-Никлец“ сите се нафрлиле врз оштетената, ја собориле на земја, ја удирале со раце и нозе и се обиделе од чантата да и го одземат паричникот, при што го искинале. Бидејќи оштетената давала отпор и наглас викала за помош, пријавените се откажале од намерата а оштетената од ударите се здобила со телесни повреди.

Од страна на Судија на двајца од пријавените им e одредena мерка притвор во траење од 30 дена.