Македонија,Крими хроника

Кривична за насилен охриѓанец, барал пари и месо

Кривична за насилен охриѓанец, барал пари и месо

Охриѓанец си заработи кривична пријава бидејќи нападнал сограѓанин барајќи му пари, месо и пијалоци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 33-годишниот А.Ф. заработи кривична пријава бидејќи минатиот месец на булеварот Македонски просветители го нападнал сограѓаниот С.Д.

Насилниот охриѓанец го удрил и му упатил сериозна закана барајќи му 1000 евра или замена за месо и пијалоци во износ од 2000 евра.

Откако не го добил побараното, тој повторно го  удрил со рака заканувајќи му се настанот да не го пријавува во полиција.