Кривична за насилник кој избодел двајца малолетници

Шестнаесетгодишниот Ф.А. од село Кондово бидејќи повредил две малолетни лица од истото село и им нанел тешка телесна повреда.

Одредена му е мерка притвор  во времетрање од 30 дена.

Малолетникот е регистриран насилник, кој е пријавен за учество во тепачка и за насилство, а овој пат претепал двајца малолетници и со нож им нанел повеќе убодни рани.

На инцидентот му претходело одбивање на двајцата нападнати малолетници да му бидат другари, што според репутацијата на Ф.А., подразбирало да учествуваат или да извршуваат кривични дела. Притоа тој во угостителски објект во Ѓорче Петров им пришол на двајцата малолетници и им кажал дека ќе ги чека да разговараат во село Кондово, во близина на објектот на старата општина, место кое е напуштено и неосветлено. По кусо време, двајцата малолетници со возило управувано од нивен пријател се упатиле од населба Ѓорче Петров кон Кондово, со намера да си одат дома, но пред домот на едниот, Ф.А. со  мотор, за кој не поседува дозвола, им го пресекол патот и почнал вербална расправија со нив, која прераснала во тепачка, во која пријавениот употребил нож, нанесувајќи им повеќе убодни рани на двајцата малолетници.

Ранетите од страна на нивните родители се пренесени во ГОБ „8-МИ Септември“, каде на двајцата им се констатирани тешки телесни повреди (повреди со нож, убодни рани по главата и телото), двајацата се задржани на понатамошно лекување, а на едниот од нив му е извршена и хируршка интервенција.

Наредниот ден Ф.А. е пронајден и уапсен.