Кривична за пензионери од Штип кои работеле како криминална банда

Инженерка и инвеститор „лапнале“ милиони преку измами

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.В.(73) од Штип, претседател на Здружението на пензионери за општините Штип и Карбинци и В.М.(68) од Штип, благајник во истото Здружение, поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што информира полицијата, во периодот од 2011 до 2014 година, М.В. му овозможил на В.М. да не ги евидентира книговодствено собраните парични средства од пензионери за снабдување со огревно дрво во износ од 7.715.045 денари.

Исто така, без донесување одлука од извршен одбор незаконски издавал налози за подмирување на обврски кон добавувачи во износ од 951.944 денари.

Потоа, првопријавениот без да спроведе постапка за јавна набавка ангажирал повеќе правни и физички лица за набавка и транспорт на огревно дрво исплаќајќи им 15.315.920 денари, доведувајќи ги истите во привилегирана положба. На овој начин, пријавените му нанеле штета на Здружението во вкупен износ од 8.666.989 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.