Кривична за пијаните малолетници кои со метална шипка повредија возач на Брза помош

Тројцата малолетни насилници кои под дејство на алкохол на новогодишната ноќ нападнаа возач на Брзата помош заработи кривична пријава.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, поднесена е кривична пријава против 17-годишните С.Р.  и В.Ј. и една година помладиот Ф.Л. сите од Скопје, кои на новогодишната ноќ нападнале возило и екипа на Итна медицинска помош, при што е извршено оштетување на возилото, а на возачот 54-годишниот  Д.Т. му се нанесени тешки телесни повреди, и во околината е предизвикано чувство на страв и несигурност.

По разговорите со пријавените е утврдено дека инцидентот се случил на 31 декември , околу 23,40 часот во скопска Кисела Вода, каде што на улица Марко Орешковиќ пријавените со поголема група врсници во изнајмена куќа ја прославувале Новата година. Незадоволни од услугата која ја добиле за прославата, го нарушиле јавниот ред и мир со кршење на чаши и шишиња, при што С.Р. си ја исекол дланката од раката, а двајца малолетници  под дејство на алкохол паднале во бесознание и со приватни возила биле однесени за укажување на лекарска помош. Во тие моменти наишло и возило со екипа на Итна медицинска помош, кои по пријава дека има некое лице во бесознание  биле испратено да интервенираат на истата улица. Според кажувањето на првопријавениот, како и на сведоци на настанаот, тој го сопрел возилото и побарал од медицинските лица да му укажат помош и откако му било кажано дека неможат да му укажат помош, тој со  двајцата други пријавени, почнале со раце и нозе да удираат по возилото, при што В.Ј. и Ф.Л. искршиле два задни прозорци од возилото. Тогаш возачот на возилото на Итна медицинска помош Д.Т., излегол од возилото и почнала вербална расправија помеѓу нив, која прераснала во  тепачка, во која Д.Т. го нападнал С.Р. со метална шипка, на што тој му возвратил, при што му нанел тешка телесна повреда, скршеница на десната подлактица и расекотина на главата а потоа фрлајќи ја металаната шипка во непосредна близина заедно со В.Ј.  Ф.Л. се дале во бегство.

Д.Т. ја зел металната шипка со која бил нападнат и влегол во возилото, упатувајќи се кон Клиниката за трауматологија каде е хоспитализиран и му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување. Д.Т., како и двете медицински лица кои биле со него,  во пријавата како и во дадените изјави, го потврдуваат целиот настан, но негираат дека Д.Т. го нападнал С.Р.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.