Кривична за полицаец кој криумчарел сириски мигранти

Полициски службеник А.Х.(29) од Скопје, на 29 октомври 2014 година, фатен е како превезува мигранти од Скопје кон Гевгелија.

Во договор со лицето Р.С.(33) од Скопје, за одреден паричен износ прифатиле да превезат илегални мигранти. Со две возила се упатиле кон Гевгелија, од каде ги прифатиле мигрантите и се упатиле кон Демир Капија, но, во близина на селото Милетково, возилото било забележано од полициски патролни тимови, кои се обиделе да го сопрат возиото. Возачот не застанал на знакот на полицијата и избегал. Во возилото биле пронајдени шест сириски мигранти (пет возрасни и едно дете). Истовремено, од страна на патролните тимови било забележано  и возило „голф 3” кое го управувал А.Х., кој на паркингот кај  селото Милетково, истоварил пет мигранти, а за да не биде фатен, го завртел возилото и се упатил кон Гевгелија. Тој сепак бил стигнат од полицијата кај селото Смоквица и приведен во полициска станица,  додека мигрантите не биле пронајдени.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал утврдил дека дека возач на другото возило бил Р.С., кој подоцна е пронајден и приведен и на 7 ноември 2014 година, против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“ .

Полицијата со лицето А.Х.  извршила  службен разговор, но поради немање доволно докази, тој е пуштен на слобода. По преземени дополнителни мерки и активности и обезбедени дополнителни докази, на 22 јануари годинава, полицијата поднела  кривична пријава против А.Х. На 26 јануари, тој е приведен, и му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.