Кривична за полицаец кој примил поткуп

Кривична пријава за дваесет и седумгодишниот полицаец В.М. од Струга бидејќи примил поткуп.

На 28. септември годинава, околу 11,00 часот, кај „Мороишки Мост“ во Струга од страна на пријавениот е извршена контрола на товарно возило „мерцедес“ сопственост на фирма, кое било управувано без патен налог и во кое била превезувана стока без документација.

Пријавениот, за да не преземе соодветни мерки од лице кој бил во возилото и е сопственик на стоката побарал и примил поткуп од 2.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.