Македонија,Крими хроника

Кривична за поранешниот директор на охридските гробишта

Кривична за поранешниот директор на охридските гробишта

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(59) од Охрид, поранешен директор во ЈП „Градски гробишта“-Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

Д.П. во текот на 2012 година искористувајќи ја службената положба без правен основ и одлука на управниот одбор на јавното претпријатие, изготвил потврда која своерачно ја потпишал и заверил наместо тогашниот директор, со која се потврдува дека лице од Охрид-првоборец покрај тоа што имало регулирано заедничко гробно место во заедничка гробница со борците од НОБ, истиот му овозможил да се стекне со уште едно индивидуално гробно место, со што предизвикал материјална штета на јавното претпријатие во износ од 60.000 денари.