Кривична за прилепчанец кој фалсификувал пари

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.А.(31) од Прилеп поради сомнение дека фалсификувал пари.

Пријавениот во март годинава со намера да се стекне со противправна имотна корист пуштил во оптек шест фалсификувани банкноти во апоени од по 100 американски долари.

При претрес полицијата кај него пронашла уште пет фалсификувани  банкноти од по 100 американски долари.