Кривична за прилепчанец кој ограбил седум лица

Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против 28 годишниот А.А. кој во периодот од 12-ти до 26-ти декември минатата година извршил разбојништво над седум лица.

Имено, А.А. преку овие разбојништва присвоил накит во вредност од 58.000 денари.

На А.А. му е одреден притвор од 30 дена.