Крими хроника

Кривична за прилепчани кои киднапирале девојка

Кривична за прилепчани кои киднапирале девојка

Четворица прилепчани заработија кривична бидејќи киднапирале млада девојка, која за среќа се ослободила откако скришно и се јавила на мајка си.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Е.И.(23), Е.И.(22), Ј.И.(31) и Б.И.(21), сите од село Канатларци бидејќи на шести овој месец се обиделе да ја киднапираат 18-годишната А.И. од истото село.

Четворицата силеџии насилно ја внеле девојката во автомобил и тргнале накај Битола.

Кога стигнале на  бензинска пумпа кај селото Беровци, оштетената успелала да се јави на нејзината мајка, по што возилото било запрено од страна на полициски службеници на патот кон Охрид.