Кривична за професор од Штип кој обљубил ученичка

Полицијата поднесе кривична пријава против професорот С.П. (63)  од средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип кој се товари дека во три наврати во текот на минатата година злоупотребувајќи ја својата положба извршил други полови дејства над ученичка во училиштето. 

Кривична пријава е поднесена и против А.К. (47) директор во училиштето и Т.С.А (46) државен просветен инспекторат кои свесно пропуштиле да го пријават кривичното дело на надлежен орган сторено од страна на професорот, иако биле должни да го сторат тоа, за кое дознале во вршењето на својата должност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.