Кривична за разбојници кои ограбија мигрант во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.З.(17), М.И.(22) и Ф.Ј. (23), сите од село Лојане-Кумановско, кои се сомничат дека се разбојниците кои ограбија мигрант од Авганистан.

Тие на петнаесети овој месец околу 2 часот по полноќ во дворот од селската џамија во село Лојане со нож го нападнале дваесетгодишниот Е.Х. од Авганистан и му одзеле мобилен телефон и 400 евра.

Мигрантот во нападот се здобил со тешка телесна повреда – расекотина во пределот на левата рака, а од страна на судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.