Македонија,Крими хроника

Кривична за разбојници од Битола

Кривична за разбојници од Битола
Стружанец доби кривична за убиство во обид

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Л.(32), А.С.(31) и Б.Т.(20) сите од Битола поради постоење сомение дека извршиле кривино дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ додека против И.Л. и П.Д.(28) е поднeсена пријава и за кривично дело „насилство“.

На 10.01.2015 година околу 10.15 часот во Битола во кафе бар на ул.„Широк Сокак“ И.Л. и П.Д. физички нападнале двајца вработени во кафе барот и започнале насилно да се однесуваат кршејќи го инвентарот во барот. По пријава за сторено кривично дело интервенирано е од страна на полициски службеници кои излегле на местото на настанот истите биле физички нападнати од А.С. и Б.Т.. Лицата се приведени во ПС Битола каде пријавениот И.Л. започнал да ги навредува полициските службеници со погрдни зборови.

Притвор во времетраење до 8 дена е одреден на Б.Т, И.Л и Л.Д.