Кривична за разбојници од Струмица

Стружанец доби кривична за убиство во обид
Стружанец доби кривична за убиство во обид

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Р.(38) поради постоење сомневање дека сторил  10 кривични дела „тешка кражба“ и против Ѓ.П.(52) поради сомневање за сторено кривично дело „прикривање“ бидејќи истиот од прво пријавениот за сума од 70.000 денари купил земјоделски препарати кои потекнуваат од извршени четири кривични дела од земјоделски аптеки.

Имено првопријавениот во текот на 2014 година во повеќе наврати извршил тешки кражби од земјоделски аптеки, продавници и трафики при што одземал разновидни земјоделски препарати, цигари, алкохол и пари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 625.188 денари.

Од превземените мерки и активности СВР Струмица пронајде поголем дел од украдените земјоделски препарати и цигари.