Кривична за разбојник од Центар Жупа

ПС Дебар поднесе кривична пријава против С.М.(27) од Центар Жупа поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ за што на лицето му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јануари оваа година од две куќи во селото Житинени општина Центар Жупа, сопственост на двајца браќа кои биле на привремена работа во странство.

Пријавениот откако насилно влегол во куќите одзел телевизори, музички системи, ресивер, ДВД плеери при што одземените предмети ги ставил во возило марка „Форд Фиеста“ во сопственост на еден од оштетените што било во гаражата во склоп на куќата и заминал.

Возилото како и дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на оштетените.