Кривична за разбојник од Охрид

Педесетгодишниот Ф.Р.доби кривична бидејќи со нож му нанел исекотини на сограѓанин
Стружанец доби кривична за убиство во обид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(25) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.

Пријавениот, на 19. овој месец на улиците „Димитар Влахов“ и „Кузман Јосифоски“ во Охрид физички нападнал жителка на Охрид по што се обидел да пребарува по незјината чанта и по облеката. Истата паднала на асфалтот, а пријавениот продолжил да пребарува во нејзината чанта. Во моментот оштетената на висок глас започнала да бара помош по што А.Р. веднаш избегал.