Кривична за разбојник од Свети Николе

Триесет и двегодишниот П.Л. од Свети Николе доби кривична пријава поради сомнение дека е сторител на кривично дело „насилство“.

На пријавениот од страна на судија на предходна постапка изречена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Имено пријавениот на 21.овој месец во продавница во Свети Николе извршил насилство врз 24 годишно лице од истиот град на особено груб начин барајќи му пари. По преземени мерки исто така расветлени се и четири “тешки кражби” и две “кражби” на разновиден златен накит, пари, мобилни телефони, лап-топ компјутер и пиштол кои се извршени во текот на 2014 година а постојат сомненија дека можен сторител на кражбите е лицето П.Л.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.