Кривична за скопјанец кој кршел апарати во казино

Триесет и тригодишниот  М.И. доби кривична пријава поради сомнение дека во казино „Сенатор”,  на Партизанска вербално ја нападнал вработената и ги искршил апаратите за игра на среќа и рулет масата.

Имено, тој почнал да тропа на влезната врата, на што му отворила вработената и при тоа пријавениот почнал грубо да ја навредува и почнал да ги крши апаратите за игра на среќа и рулет масата.

По настанот, припадници на Алфите го пронашле и привеле пријавениот. Тој и пртходно и бил познат на службата и против него, по неколку основи и досега биле поднесувани кривични пријави.